Вашите незаборавни мигови поминете ги во прекрасен невообичаен етно амбиент, каде ќе доживеете мигови на опуштена и мошне пријатна атмосфера, збогатена со звуците на пријатната музика. Од ресторанот ќе си заминете задоволни од беспрекорната услуга и пријатниот амбиент и со нетрпение ќе го очекувате моментот кога повторно ќе се вратите.
Мајсторите на гастрономијата за вас ќе ги подготват специјалитетите кои ќе следат по фантастичните предјадења и ќе ги разгалат вашите сетила, изненадувајќи ве со вкусови кои никогаш не се забораваат. За пријатно расположение ќе придонесат и висококвалитетните вина.
Основната идеја на менаџерскиот тим беше да се направи угостителски објект кој со квалитетна храна ќе ги задоволи најпрефинетите гости, а со внимателно дизајнираниот етно ентериер ќе создаде прекрасна атмосфера на вистинска стара македонска куќа.